ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Mакедонските CS:GO репрезентативци двократни Светски шампиони на е-спорт првенството, дел од екипата и охриѓанецот Александар „CacaNito“ Ќулукоски

Охрид, 11. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонската CS:GO (Counter-Strike:Global Offensive) репрезентација повторно е најдобра на Светското првенство на Меѓународната е-спорт федерација (МЕСФ) кое се одржа offline во Бали, Индонезија.

Во финалето кое се одржа ноќеска по 03:00 часот по македонско време, Македонија со 3:1 беше подобра од Монголија, односно тимот „IHC“.

– Двократни светски шампиони. Нашата гордост. Извојувавме победа над Монголија со 3:1 во мапи, порачаа од Македонската Еспорт Федерација.

Репрезентацијата која го претставува тимот „BLUEJAYS“ е во состав на Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски и Павле „stYleEeZ“ Стојановски. Претхондно ја победија и репрезентацијата на Русија со 2-0.

Целокупниот награден фонд на првенството е 100.000 долари, односно 50.000 долари за прво и 30.000 долари за второ место. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Македонска Еспорт Федерација

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука