Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на локалниот пат помеѓу струшките села Мислодежда и Драслајца, повредено едно лице

Струга, 11. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти декември 2022 година, во 12:20 часот, пријавено е дека на локален пат помеѓу струшките села Мислодежда и Драслајца се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишниот О.В. од селото Велешта и патничко моторно возило „Ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Н.М. од селото Делогожда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука