Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Поради одрони, сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Врбјани се одвива по една коловозна лента

Охрид, 11. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради одрони, сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај селото Врбјани се одвива по една коловозна лента, информираат од АМСМ.

– На 11-ти декември 2022 година, од 12:30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Врбјани сообраќајот на една коловозна лента е блокиран поради одрони на пат, стои во информацијата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука