Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре неколку часа без вода ќе бидат жителите на стариот дел на градот

Охрид, 12. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во стариот дел на Охрид.

– Поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов“, утре, 13-ти декември, од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука