ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

Скопје, 12. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на туристите во октомври 2022 година изнесувал 81 848, од кои 34.8 % се домашни , а 65.2 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври се евидентирани 180.003 ноќевања, од кои 41.8 % се од домашните туристи, а 58.2 % од странските.

Во периодот јануари-октомври 2022, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.3%. Кај домашните туристи има зголемување за 5.8 %, а кај странските за85.7 %.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 22.6%, кај домашните туристи има зголемување за 3.6%, а кај странските за 73.0%.

Очекувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија се годинава да ја заокружиме со околу 2,8 милиони ноќевања и над 400 милиони долари промет од туризмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука