Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни патишта, магла на Плетвар

Скопје, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Појава на магла на Плетвар со видливост од 20 до 30 метри, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Од 15-ти ноември2022 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2023 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука