Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Жителите на Стар град денес неколку часа без вода

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во стариот дел на Охрид.

Од ЈП „Водовод“ Охрид информираа дека поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов“, од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука