Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во октомври во Охрид издадени 6 одобренија за градба, планирана е изградба на 5 станови

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во месец октомври годинава во Охрид биле издадени 6 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив во пет случаи инвеститор е физичко лице, а во еден правен субјект. Предвидена е градба на 5 станови, со вкупна корисна површина од 493 м². Во анализираниот период, во Струга е издадено само едно одобрение и тоа на физичко лице, додека во Дебрца нема издадено одобренија за градба.

На ниво на Македонија во октомври 2022 година издадени се 373 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 185 се наменети за објекти од високоградба, 127 за објекти од нискоградба и 61 за објекти за реконструкција. Од вкупно 373 објекти, на 195 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 699 станови, со вкупна корисна површина од 58.180 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука