Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Донација на книги во охридската гимназија

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во охридската Гимназија „Св. Климент Охридски“ пристигнаа книги, дел од донацијата од 40. 000 книги за основните и средните училишта од Охрид и околината.

Донацијата е во рамки на проектот „Интернационален проект книга“.

Нема достапен опис

– Со овој проект се збогатува нашата библиотека со литература на англиски јазик која ќе биде достапна за нашите ученици.Огромна благодарност на Бил Бриџфорд – волонтер на Мировниот Корпус од САД, училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и професорката Марија Андреева- Попоска како и благодарност до општина Охрид, велат од Гимназијата.

Донираните книги се од областа на математиката, природните науки, медицината, стручни книги и речници, како и одреден број на тинејџерска белетристика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука