Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

„Охридски приказни“ во „Форт Кафе“, овој четврток со Владо Пупиноски (Видео)

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – И овој декември продолжуваат „Охридските приказни“ во „Форт Кафе“, овој четврток со Владо Пупиноски, охридската музичка приказна.

Потекнува од познато музичко семејство со многу музика во вените. За тоа како беше да се расте со Секула како татко и Ефто Пупиноски како стрико, за звучите на музиката во домот од најмали нозе. За МАСЕ центарот во САД за афирмиација и поддршка на Македонската култура и македонските уметници во САД… За тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме сите и сите сме Охрид.

Со него ќе разговараме каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме сите и сите сме Охрид.

– Кога градот мириса на празници… „Охрид е емоција“, вели Владо Пупиноски – охридска музичка приказна. З’ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука