Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Превентивна активност на СВР Охрид за превенирање на говорот на омраза

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, реализираа едукативно предавање на тема говор на омраза, во ДУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид.

– Притоа, со учениците од првата година при оваа образовна институција, полициските службеници говореа за говорот на омраза како девијантен феномен, за неговите опасни и штетни потенцијали во извршување на кривични дела, како и за законските норми кои што ја оопфаќаат оваа појава, информираат од МВР.

Додаваат дека во рамки на предавањето на учениците им биле поделени едукативни материјали, а се’ во насока на препознавање, превенирање и спречување на оваа штетна појава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука