Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

Д-р Бектеши: Господ нека ни е на помош во Детското одделение во Струга, ова веќе не се издржува

Струга, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Доктор Вулнет Бектеши од Детското одделение во Струга преку јавен Facebook статус ја споделува алармантната состојба со недостиг на лекари.

– Господ нека ни е на помош во детското одделение во Струга. Секој ден се повеќе пациенти, се помалку лекари. Ова веќе не се издржува. Во име на детско одделение Струга го молиме господинот Премиер, министерот за Здравство, директорите на општите болници Струга и Охрид да се најде решение. А се’ ова за здравјето на најмалите и најмилите… За децата (нема потреба од лајкови.. Само да се тагнат Министерот и директорите.. За да се превземе нешто конкретно…), пишува д-р Бектеши. (Крај)

извор: Вечер фото: Вечер

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука