ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученички од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ изработија накит со чија продажба купија новогодишни пакетчиња за дечиња со попреченост

Охрид, 14. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ученички од ОЕМУЦ „Св. Наум Охриедски“ од Охрид, од ноември започнаа да изработуваат накит со чија продажба купија новогодишни пакетчиња за да ги израдуваат дечиња со попреченост од Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“.

– Убаво е чувството кога ќе помогнеме онаму каде што е најпотребно, онаму каде што ќе успееме да измамиме детска невина насмевка, а уште поубаво е кога и вашите ученици доследно ќе ги испочитуваат насоките за извршување на задачите, а несомнено, членовите на Локалната младинска организација (ЛМО) при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беа на висина на поставената задача. Од ноември, ученичките изработуваа накит, а учениците ги продаваа по симболична цена за да соберат средства за новогодишни пакетчиња наменети за дечињата со попреченост. Членовите на младинската организација при ОЕМУЦ уште еднаш ја покажа својата општествено-одговорна работа помагајќи онаму каде што е најпотребно. Хуманоста не се кажува, таа се докажува. Огромно БРАВО за сите ученици кои се дел од Младинската, за сите колеги кои помогнаа во продажбата на изработките, а мене ми е особена чест што сум координаторка на оваа значајна асоцијација во рамките на нашето училиште, порача Ирена Ралева- Најдевска, лектор и професор по македонски јазик и литература, вработена во OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид.

May be an image of 1 person and jewelry

May be an image of 2 people and fruit

May be an image of 6 people, people standing and indoor

Заедно можеме многу, многу повеќе, додава Ралева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука