Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на крстосницата на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“, повреден 76-годишен охриѓанец

Охрид, 15. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти декември 2022 година, околу 19:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна незгода, во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувало патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 71-годишниот Ј.Л. од Охрид, кое удрило во 76-годишниот Ж.Ѓ. од Охрид. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука