Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОУ „Григор Прличев“ блесна во новогодишно руво

Охрид, 15. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Учениците во ОУ „Григор Прличев“ заедно со нивните родители ги декорираа просториите и го претворија објектот како од бајка, во пресрет на новогодишните празници.Можно е да е слика од новогодишна елка и внатреМожно е да е слика од 2 луѓе и новогодишна елка

– Волшепството започнува од кај нас… нека магичната атмосфера ве поведе и ајде заедно со нас да ѝ се радуваме на НОВАТА… за среќа во НЕА…Навистина е ова најубавото време од годината, кога има само насмевки и убави мисли, кога секој секому му посакува само убаво… кога сакаме среќата да ја споделиме, кога сакаме себе си да си посакаме желба, но и кога другаруваме и кога радост насекаде делиме.Магичната сказна во нашиот град, која го краси нашето училиште, започна од #Прличевци… за кои нивните родители, пак, ја создадоа оваа прекрасна бајка од декорирани училишни простории, велат од училиштето.

Можно е да е слика од внатре

Можно е да е слика од внатре

Со ова Советот на родители во училиштето го започна проектот „Подари СРЕЌА за среќна НОВА“.

Најавуваат дека наскоро ќе се одржи и новогодишен базар, што ќе ги стопли срцата не само на #Прличевци туку и на сите оние кои сакаат да ја почувствуваат волшебната приказна која ја плете Новата Година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОУ „Григор Прличев“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука