Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе подготват оброци за преку 80 наши сограѓани во социјален ризик

Охрид, 15. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од концептот „Радосен декември“ – месец на дарување, од охридскиот Црвен крст најавуваат уште една хуманитарна акција.

– Во соработка со Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид ќе бидат подготвени предновогодишни топли оброци за преку 80 наши сограѓани во социјален ризик. Вештите раце на учениците од ова училиште, под менторство на своите професори, во кујната на РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе подготват богати и вкусни јадења, кој волонтерите од тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и учениците ќе ги дистрибуираат до домовите на стари, осамени лица, лица со хендикеп и лица во социјален ризик, информираат од Црвен крст Охрид.

Во оваа хуманитарна акција можат да се вклучат и угостителски објекти, ресторани од Охрид кои според своите можности и желби, би подготвиле топли оброци, соодветно спакувани, за понатамошна достава од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид, до лицата во социјален ризик. Дополнителни информации можете да добиете на телефонот 070/890-340.

Акцијата ќе се реализира во периодот од 20-ти до 23-ти декември 2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука