Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков во спомен на Стојаноски: Охрид изгуби голем човек

Охрид, 15. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ненадејната смрт ги погодува само оние, кои не се грижат за своето спасение, тоа го објавил Господ (Лука 12:46), стои во пораката на градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, во знак на сеќавање на проф. д-р Јован Стојаноски, поранешниот градоначалник на Охрид, кој ненадејно почина на денешен ден, пред четири години.

– Токму денес се потсетуваме на ненадејната и прерана смрт пред четири години на проф. д-р Јован Стојаноски кој ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Охрид од 2017 до 2018 година. Да заврши животот на човек кој сѐ уште требаше да оди по долг пат е најтрагичното нешто. Охрид изгуби голем човек. Нека почива во мир и нека му е вечна славa, напиша Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука