Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

„Охридски приказни“ во „Форт Кафе“ со Владо Пупиноски (Фото/Видео)

Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Концептот „Охридски приказни“ е прекрасен и посакувам да продолжат вакви и слични настани, порача синоќа во охридското „Форт Кафе“ Владо Пупиноски, кој имаше своја вечер во рамките на декемвриското продолжение на уникатните „Охридски приказни“.

– Се надевам дека и ние во иднина ќе Ви даваме идеи за вакви и слични настани, порача Пупиноски пред присутните.

Тој им се заблагодари на домаќините за поканата, но и на семејството за поддршката која му ја давале за да може да стигне до она што е денес.

– Охрид за мене од секогаш значел голема емоција. Уште од мало дете, јас премногу сум го сакал. Можеби звучам и премногу позитивно. Ова важи не само за Охрид, туку и за Македонија. Јас премногу си ги сакам градот, народот… Охрид има многу потенцијал да се движи во вистинска насока. Овде сум веќе полни две години и знам дека го направив вистинскиот чекор, вели Владо Пупиноски во интервјуто кое вчера беше објавено на OhridPress.

Од „Форт Кафе“ испратија благодарност до Пупиноски за учеството во проектот.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука