Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна празничниот „маратон“ – Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД

Охрид, декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, со празникот посветен на Св. Никола, започнува празничниот маратон.

Овој период од годината се карактеризира со бројни прослави и празници, кои завршувааат со прославувањето на Богојавление Водици, на 19-ти јануари идната година.

Охрид и оваа година е соодветно украсен за празниците, а се најавува и програма на Градскиот плоштад. Организиран дочек најавуваат и угостителите, со богата музичка и забавна програма. Веќе неколку години наназад го спроведува овој концепт за прослава на новогодишните празници. За тоа потпомогна и Covid-19 кризата, која комплетно го смена начинот на кој се одбележуваат овие празници во најголемиот туристички центар во Република Македонија. Последен организиран концепт кој беше одлично прифатен од охриѓани и гостите беше проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ кој беше за прв пат имплементиран во 2017 година.

Деновиве во Охрид се актуелни и предновогодишните забави во охридските хотели и ресторани, каде колегијалното дружење, добрата храна и веселата музика се рецепт за убаво помината вечер. Без оглед на големата на компаниите, оваа традиција остана, и по намалениот интензитет од минатите две години, пред се’ поради Covid-19 пандемијата, како да се враќа во полн ек. Заеднички дружби организираат и бројни спортски клубови, здруженија и сите останати заедници на граѓани.

Ова секако е добредојдено и за угостителските работници, кои се едни од најпогодените од економската криза и треба да „соберат сила“ до следното лето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука