Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Предлог општинскиот буџет и програмите за работа за 2023 година денеска пред советниците

Охрид, 22. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одржи 21-та седница на Советот на општина Охрид.

Седницата ќе започне во 09:00 часот, а со дневниот ред се опфатени 72 точки, меѓу кои е и предлог буџетот и програмите за работа на општината, советот и јавните претпријатија за 2023 година.

Советниците ќе треба да ја усвојат и анализа за материјално-финансиската состојба на ЈП „Водовод“ Охрид, со цел утврдување на оправданост од преземање мерки и активности за надминување на последиците од актуелната енергетска криза.

На дневен ред се и усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид за 2023 година, годишната програма за поставување урбана опрема, за продолжување на работното време на угостителските објекти, како и повеќе точки од урбанистичката сфера.

Комплетниот дневен ред ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука