Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Свечено доделување дипломи на ФТУ Охрид

Охрид, 22. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На свеченост која ќе се одржи на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ), денеска ќе се доделуваат дипломи за студентите кои имаат дипломирано до 30-ти септември оваа година.

– Заради обврската околу подигање на дипломата, одората, потпис во книгата на дипломирани студенти треба да дојдете најдоцна до 10:00 часот во Факултетот. Ги покануваме и студентите кои имаат дипломирано, а не ги имаат подигнато дипломите да ги подигнат во истиот тремин, информираат од ФТУ.

Свеченоста ќе се одржи во амфитеатарот на факултетот од 11:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука