Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Столбови за ограничување и урбана опрема на на „Македонски просветители“

Охрид, 22. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на активностите за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбеден сообраќај и движење на пешаците.

Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двонасочнавелосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука