ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

НП „Галичица“ започна да го спроведува пилот проектот за граѓанска наука

Охрид, 22. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Националниот парк „Галичица“ започна со спроведување на процесот наречен граѓанска наука.

Ова подразбита кога јавноста доброволно помага во спроведување на некое научно истражување, каде волонтерите односно граѓанските научници собираат податоци, анализираат резултати или решаваат некој проблем.

Во процесот на граѓанска наука може да се вклучи секој кој има желба да придонесе кон работата на НП „Галичица“, без претходно било какво научно познавање за растителниот и животинскиот свет во паркот.

Можеби е цртан на текст кој вели „повик за волонтери! граганска наука Bo национален парк галичица KOJ може да CE вклучи? Cekoj заинтересиран Cekoj koj поминува често време BO природа Cekoj Koj сака да помогне во работата на национален парк аличица Cekoj Koj сака да стекни нови призатели и нови знаеьа Cekoj Koj сака да ja заштити природата ако сте од 13 до 65 годишна возраст ви благодариме на пријавата! рационаленпарк галичица“

– При секоја ваша посета на „Галичица“, доколку забележите некој од зададените растителни и животински видови, за кои претходно ќе бидите обучени, да го сликате истиот вид и да доставите фотографија до вработените во НП „Галичица“, односно до двајцата биолози, преку апликацијата која ќе биде одредена и за која исто така ќе бидете обучени, велат од установата.

Во рамките на пилот проектот НП „Галичица“ ќе тестира дали мониторингот на одредени животни и растенија на територијата на паркот може да се врши со волонтери. Преку овој прашалник се сака да се истражи дали луѓето од охридскиот регион би биле заинтересирани да учествуваат како волонтери и што би ги мотивирало да земат учество. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука