Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

„Охридски приказни“ во „Форт Кафе“ со Јовица Каралиевски (Фото/Видео)

Охрид, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во охридското „Форт Кафе“ се одржа ново продолжение на декемвриското издание на популарните „Охридски приказни“, овој пат со Јовица Каралиевски, познат охридски продуцент, композитор и текстописец.

Тој се заблагодари на домаќините за поканата за учество во проектот и напомена дека за него е чест што е дел од истиот. Каралиевски им подари и виолина, која ќе си најде свое место во уникатниот ентериер на кафе барот.

– Мислам дека е автентичен подарок и дека ќе си го најде своето место и ќе се вклопи во Вашиов прекрасен амбиент, порача Каралиевски.

– На старите фотографии од градот кои често се објавуваат во групи на социјалните мрежи, гледаме едни дотерани и уредени плажи. Тука се комплексот „Славија“, „Горица 3“, „Св. Стефан“ со една феноменална урбанистичка архитектура, како еден своевиден натпревар за убавина. Јас би сакал да го гледам Охрид како таа слика, како една разгледница и цветна градина. Секогаш да се внимава на хигиената во централното градско подрачје каде најмногу доаѓаат туристите, но и во сите останати делови. Охрид мора да се одржува и унапредува и визуелно, секако и во организацијата околу туризмот, понудата, инфраструктурата. Би испратил порака до новите генерации. Би сакал да бидат едуцирани, да вложат во себе, да не се осврнуваат само на местоположбата каде се родиле. Можат да ја примаат оваа убавина, а да работат за некоја голема светска компанија со помош на интернетот и модерната технологија, потенцира Каралиевски во интервјуто кое вчера беше објавено на OhridPress.

No description available.

No description available.

Од „Форт Кафе“ испратија благодарност до Каралиевски за учеството во проектот.

– Благодариме за учеството во „Охридски приказни“, прекрасната охридска вечер и подарокот кој ќе го краси нашето „Форт кафе“. З’ш Охрид е градска приказна, порачаа од кафе барот.

No description available.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Форт Кафе видео: МЕГА Продукција

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука