Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од Клубот за подводни дејности „Охрид“ поставија подводна Новогодишна елка за децата со ретки болести и поделија парична помош на социјално загрозени семејства

Охрид, 25. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачи од Клубот за подводни дејности „Охрид“, во знак на поддршка на децата со ретки болести, утрово поставија новогодишна елка во водите на Охридското Езеро, кај Градското пристаниште.

– Во акцијата учествуваа дваесетина нуркачи од нашиот клуб. Елката е поставена на длабочина од околу 3 метри, информираат од клубот.

Додаваат дека денешната акцијата е посветена на децата со ретки болести. Дополнително, донирани се парични средства на социјално загрозени семејства од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука