ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Акција за поздравување: Навивачката група „Рибари“ со новогодишни пакетчиња за најмладите

Охрид, 25. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Членови на навивачката група „Рибари“ од Охрид денеска спроведоа акција за поздравување во центарот на градот.

Со новогодишни пакетчиња, тие израдуваа стотина дечиња кои со родителите шетаа по кеј „Македонија“ по прекрасното сонце.

– Новогодишна хуманиатрна акција. Денес бевме присутни на Градскиот кеј каде поделивме 100 пакетчиња на сите деца кои шетаа со своите родители. Ова е прв дел од нашата хуманитарна акција. Благодариме и на поддршката до нашите два клуба, порачаа од навивачката група „Рибари“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: НГ „Рибари“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука