Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во Струга санкциониран возач со 4.07 промили алкохол

Охрид/Струга, 26. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 26-ти декември 2022 година, во 13:34 часот полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционираа возачот К.Б. бидејќи по извршеното алкотестирање биле измерени 4.07 промили на алкохол.

– Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука