Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР: Лажни се дојавите за бомби во две училишта во струшко

Скопје/Струга, 26. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта, завршија сите потребни проверки, соопштија попладнево во Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Македонија.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (девет училишта), Битола (три училишта), Прилеп (две училишта), Тетово (две училишта) и две училишта во струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потенцираат од МВР.

Додаваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука