Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Превентивна кампања во Охрид и Струга „ Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“

Охрид/Струга, 11. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На подрачјето на Охрид и Струга беше спроведена едукативна акција во рамки на кампањата „ Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“.

Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид , како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид и Полициското одделение за БПС – Струга, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата (РСБСП).

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и пат

– На учесниците во сообраќајот им беше укажувано дека користењето на мобилен телефон додека се управува моторно возило е опасно и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со корисни совети за учeсниците во сообраќајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: МВР/РСБСП

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука