ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на струшко Ливада осомничен дека со сачмарка усмртил седум кучиња скитници во Струга

Струга, 11. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јануари 2023 година, во 17:15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, извршен е службен разговор со 62-годишниот М.З. од струшкото село Ливада.

– Тој се сомничи дека во периодот од 06:45 до 07:15 часот, на улицата „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука