ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Панорамска фотографија од 1973 година (Фото)

Охрид, 11. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Патувања низ Македонија е објавена фотографија од Охрид, која според авторите датира од далечната 1973 година.

Многу зеленило и дрвја, а особено е интересен делот помеѓу денешниот Студентски дом „Никола Карев“ и Комерцијална банка, кој е скоро без изградени објекти. Сличен е и делот околу зградата на Општина Охрид.

Ова се само дел од она што може да се види на фотографијата, која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ Патувања низ Македонија

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука