Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Реализацијата на автопатот Кичево-Охрид во моментов е 75%, ќе биде завршен годинава

Скопје, 16. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Речиси 90% од планираните капитални проекти биле реализирани во 2022 година, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски кој напомена дека ова е најдобра реализација во последната декада, и покрај влијанијата од економско-енергетската криза.

– Плановите за годинава се далеку пооптимистични – минатогодишниот таргет од 465 милиони евра сега е зголемен на 800 милиони евра. Освен од државната каса, средства ќе се црпат преку задолжувања и ИПА фондовите. Фокусот за претстојните 12 месеци ќе биде најголем на патната инфраструктура од Коридор 8 – од Тетово па се“ до границата со Албанија, како и делницата Прилеп-Битола. Оваа година ќе започнае изградбата на автопатните правци Тетово-Гостивар, до границата со Албанија (Коридор 8) и автопатот Прилеп-Битола, напомена Ковачевски.

Од покрупните проекти, според најавите на Владата, годинава конечно треба да биде изграден автопатот Кичево-Охрид, чија реализација во моментов е 75%, а треба да се финализира и првата фаза од автопатот Скопје-Блаце, како и експресnиот пат кон Деве Баир.

– Иако поради намалениот интензитет на реализација на капитални проекти се скратија првичните средства за 100 милиони евра, Ковачевски е уверен дека годинешните планови не се недостижни. Освен патишта, годинава ќе се инвестира и во изградба, доградба и рехабилитација на 20 градинки. Најуспешни ресори се транспорт и врски и МВР со по 99% реализација, образование со 94% како и труд и социјала и животна средина со над 90% реализација на капитални инвестиции. Од позначајните активности за 2022 година е изградбата на патот Крупиште-Кочани, гасоводот до Битола и засилената изградба на браната „Коњско“, втора по големина во државата, истакна премиерот реализација во моментов е 75%, премиерот Ковачевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука