Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно време со услови за дожд и температура до 12. степени

Охрид, 18. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови.

Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м2. Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Денес и утре ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината. Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука