Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Ден пред Водици: Водокрштение, Водокрст или Водопост

Охрид, 18. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На еден ден пред празникот Богојавление Водици, православните верници денес го празнуваат Водокрштение, Водокрст или Водопост.

Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост односно пост на вода. Во православните храмови утринава традиционално се служи литургија, а верниците носат во своите домови од осветената вода.

Празникот Водици се празнува два дена. Првиот ден, 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари е познат како Собир на Свети Јован Крстител, а уште се вика и Женски Водици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука