ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Од Владата најавуваат можно преместување на границата кон Албанија од „Ќафасан“ во селото Радолишта

Скопје/Струга, 17. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби, најавуваат преместување на границата кај „Ќафасан“, со што патот до Албанија би се скратил за околу 20 километри.

– Последната идеја што ја изнесовме и потпишавме меморандум пред Нова година со премиерот на Албанија Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балуку во Албанија, е да го преместиме граничниот премин, односно границата веќе да не биде на „Ќафасан“ поради висината, туку да се спуштиме подолу во селото Радолишта, поврзувајќи го со селото Кукеш во Албанија. Со тоа патот би се скратил за 15 до 20 километри, објавија од Владата на Република Македонија. (Крај)

извор: Тв21 фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука