Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Крводарителска акција „Водици 2023“

Охрид, 19. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Една капка може да промени се’“, денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“, во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“.

– Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, информираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука