Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Инспекторите ги контролираат трговските објекти, забележано намалување на цените, но и напишани казни

Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пазарните инспектори од Охрид во постојани контроли низ трговските објекти дали се почитува владината одлука за посебни услови во трговија на одделни стоки и трговски маржи.

Велат забележано е намалување на цените на некои од основните прехрамбени продукти, како резулат на намалување на производните трошоци по основ на цената на струјата.

Во текот на овој месец направени се 25 инспекциски надзори кај трговци во Охрид, при што согласно Законот за трговија и посебните услови казнети се два субјекти, вели за Супер радио и OhridPress раководителот на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, Цветко Ристески.

– Согласно владината одлука за посебни услови во трговија на одделни стоки и трговски маржи има намалување кај одредени видови леб од 500 грама, од 45 на 42 и 41 денар, потоа кај маслото, кај трајното млеко од 71 на 69 денари. Ова е како резулат на намалување на производните трошоци по основ на цената на струјата. Значи намалување на цените е забележано кај субјетите кои како енергенс ја користат струјата, потенцира Ристески.

Тој потенцира дека во периодот од март до декември 2022 година како инспекторат извршиле 234 надзори на подрачјето на Охрид при што се издадени 65 прекршочни платни налози, 32 на правно, 32 на одговорно и една на физичко лице трговец поединец. Од нив, во 29 случаи се наплатени, а во 10 случаи се поднесени барања до охридскиот Основен суд.

Ристески истакна дека со контроли ќе продолжат и понатаму се додека е на сила владината одлука, односно до 30 април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука