Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Заврши празничниот „маратон“ во Охрид, се славеше од Св. Никола до Денот на рибарите

Охрид, 21. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите, го оставаме зад нас празничниот „маратон“, кој секоја година трае од празникот посветен на Св. Никола на 19-ти декември до 20-ти јануари.

Во поголемиот дел имавме пријатно време со натпросечно високи температури за овој период на годината, што резултираше со зголемена посета во Охрид.

Новогодишните и Божиќните празници поминаа со бројни гости од Србија, Албанија, Бугарија и останати земји, кои заедно со домашните гости направија и оваа година да имаме сосема солидна најава за главната туристичката сезона пред нас.

Слично беше и за прославата на Стара Нова година, додека чествувањата во овој период од годината завршија со прославата на големиот христијански празник Богојавление Водици на 19-ти јануари и Денот на рибарите еден ден подоцна, со што заврши „маратонот“ исполнет со бројни празници, манифестации и одбележувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука