ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска СИТЕ ВО ОХРИД, прекрасен ден во најава (Фото)

Охрид, 22. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градскиот кеј во Охрид денеска со многу помалку шетачи во однос на вчерашниот ден, кои уживаа во невообичаено сончевиот и топол ден за овој период од годината.

Со добро ги испративме бугарските новинари кои вчера беа во безуспешна потрага по истомисленици, а утрово по кејот ги немаше и младите дечиња со масичката полна со верски книги кои стално не прашуваат „дали живееме добро“. Значи…

Охрид денеска ги пречекува сите со добра мисла искапен во прекрасно сонце и на температура од околу 7-8 степени.

Зад себе го оставивме и празничниот „маратон“, кога градот беше преполн со гости и кој, доколку се остварат најавите, ќе биде одличен показател за новата туристичка сезона, која е пред нас.

Метеоролозите веќе од вечерва и утре најавуваат повторно врнежи од дожд, а за денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Под влијание на нов влажен бран од вечерните часови ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни утре, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2). Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре попладне и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука