Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Основците и средношколците утре се враќаат во школските клупи, почнува второто полугодие

Охрид, 22. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од утре, понеделник, 23-ти јануари, основците и средношколците се враќаат во школските клупи, почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година.

Дел од училишатата веќе го објавија и распоредот на смените.

Од Општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираат дека основните и средните училишта се подготвени за старт на второто полугодие, во делот што е во нивна надлежност, дополнително се изведуваат реконструктивни зафати во речиси сите училишта. Најавија дека деновиве ќе реферираат за зафатите што се завршени или се во тек во охридските школи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука