ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

И понатаму бездомни лица во центарот на градот, може ли Охрид повеќе и подобро?

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Иако скоро секој ден сите поминуваме покрај нив, често без и да ги погледнеме или забележиме, сепак неколку бездомни лица и понатаму се секојдневие во Охрид.

Може ли градот повеќе, може ли да се изнајде решение за овие лица?

Не дали може, туку мора, и тоа без да се бараат изговори и да се префрла топката и ингеренциите на друга страна. Ако некогаш оваа слика можеше да се види само во текот на летната сезона и бевме уверувани дека е „увезена“, сега е повеќе од јасно дека проблемот е реален и се продлабочува. Повеќе лица бараат сместување во напуштени објекти и куќи, а често можат да се видат и како буквално спијат на улица или до некоја куќа или зграда.

Решението мора да е системско и одржливо, за да се стави крај на оваа појава, пред се’ во насока на подобар живот на овие лица, но и на сликата која како град ја презентираме пред посетителите од целиот свет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука