Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Куп на Македонија: Охрид ќе игра со актуелниот првак Вардар во Група 1

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Охрид ќе игра со Вардар во Групата 1, одлучи ждрепката за групите во Купот на Македонија.

16 екипи беа поделени во 4 групи, кои ќе играат полуфинале и финале во групите, и така само победниците одат натаму. Во групата 1 во првиот натпревар Вардар го доби Охрид, додека во групата 3 ќе има пресметка меѓу Алкалоид и Бутел.

Група 1:

Вардар-Охрид, Јуниор-Скопје

Група 2:

Радовиш-Е. Пелистер 2, Голден Арт-Пролет

Група 3:

Бутел-Алкалоид, Вардар Неготино-Прилеп

Група 4:

Струга-Тиквеш, Куманово-Е. Пелистер

Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 18-ти 19-ти март 2023 година. Завршниот турнир на кој ќе играат четирите најдобри, ќе се одигра на 14-ти и 15-ти мај 2023 година.(Крај)

извор: sportmedia.mk фото: sportmedia.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука