Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Условна казна за гинекологот Мухамед Асани кој беше обвинет за вадење органи на родилката Веапоска

Струга, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Основниот суд Струга го осуди гинекологот Мухамед Асани, поранешен директор на струшката болница, на условна казна од 4 години ако не го повтори кривичното дело.

Тој е осуден за давање здравствени услуги без дозвола за работа затоа што во својата семејна куќа во нерегистрирана ординација како здравствен работник специјалист по гинекологија и акушерство, прегледувал пациентки и водел бремености од 2015 до 2020 година, јави „Слободен печат“.

– Му се утврдува казна затвор во траење од 2 години и истовремено се определува дека таа нема да се изврши ако осудениот во рок од 4 години не стори ново кривично дело, стои во пресудата.

Според пресудата од декември 2022 година, до која дошле од „Слободен печат“, доктор Асани во просториите на неговата семејна куќа во Струга, на приземје опремил ординација која не била регистрирана и означена и таму, од 2015 до 2020 година, водел контроли на бременост на пациентката Јилдз Веапоска како и на други две жени кои сведочеле на суд во поткрепа на таквите факти.

Со опишаните дејствија тој сторил кривично дело давање здравствени услуги без дозвола за работа и судот му изрече условна осуда.

Асани се товареше за несовесно лекување и вадење органи на родилката Веапоска.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука