Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Украдени и оштетени дрва кај патеката кон „Горица“

Охрид, 6. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид најостро го осудуваат чинот на крадење и кршење млади дрва на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ Горица.

– Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123-те засадени стебла од видот врба и даб на овој потег, три дабови дрвца се украдени, а четири скршени, информираат од Општина Охрид.

Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“. Согласно проектот за едно пресечено дрво требаше да се засадат три нови. Од вкупно 219-те стебла, 96 се засадија на реконструираната улица, а останатите 123 на потегот од Скејт паркот до „Инекс“ Горица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука