Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Втората љубовна приказна со „Тамаро“ во пресрет на Денот на вљубените е на Лиле и Ангеле Домазетоски (Видео)

Охрид, 6. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од наградната игра „Раскажете ни ја Вашата приказна, како започна Вашата љубов“, денеска беше снимена втората љубовна приказна на охридските „Тамаро“ маркети во пресрет на Денот на вљубените.

Лиле Домазетоска и нејзиниот сопруг Ангеле имаат сопствена приказна за почетокот на љубовта, која датира уште од 1999 година. Тие ја добија дневната награда и учествуваат во изборот за главните награди, кои ќе се доделат на 14-ти февруари 2023 година.

– Со мојот сопруг Ангеле се запознавме преку негов другар. Потоа почнавме да комуницираме, тогаш преку фиксен телефон, бидејќи тогаш, во 1999 година немавме мобилни телефони, Facebook, социјални мрежи. Бевме во врска речиси две години, а потоа стапивме во брак. Во 2002 година ни се роди ќерката Наталија, сега е на факултет прва година. Во 2006 година ни се роди синот Мартин, сега е втора година средно училиште. Ме освои со неговата добрина и со насмевката. Нема некоја посебна тајна за успешен брак, најважно е разбирањето, слогата меѓу сопружниците. Сакам да испратам и една порака до младите, да стапуваат во брак, да не чекаат да изминат годините, вели Лиле.

На официјалниот Facebook профил на Супер радио веќе започна наградната игра „Раскажете ни ја Вашата приказна, како започна Вашата љубов“ во рамките на која охридските „Тамаро“ маркети доделуваат вредни награди. Станува збор за најновиот проект на водечките охридски „Тамаро“ маркети, излезен од креативната работилница на број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио и Be 1 Digital Marketing.

Проектот се организира во пресрет на Денот на вљубените и има за цел да внесе многу позитивна езергија кај охриѓани. Предвидени се и вредни награди како ноќевање за двајца во преубавото Крушево, романтична вечера, пакет вино и уште бројни помали награди и подароци кои ќе се доделуваат на Супер радио.

Што треба да направите?

На Facebook профилот на Супер радио веќе започна наградна игра на која ќе се доделуваат дневни награди. Во коментар во неколку збора треба да ни ја раскажете Вашата љубовна приказна, како Ве освои саканиот или саканата, некој посебен момент или начин на кој Ве освоил/а. Ќе можете да ги тагирате пријателите за кои знаете дека имаат фантастична приказна за љубовта, која вреди да се сподели со сите. Доколку Вашата приказна е одбрана, ќе Ве контактираат нашите оператори за натамошните чекори и можноста да добиете некоја од главните награди. Нашата екипа до „Св. Валентин“ ќе ги посетува и најголемите маркети на „Тамаро“. Доколку Ве одбере, ќе имате можност да ја раскажете Вашата приказна и да бидете дел од нашата приказна – приказна во која ја славиме љубовта. „Тамаро“ за Денот на вљубените, порачуваат организаторите.

Време е за подароци, време е да ја славиме љубовта заедно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука