ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Следната недела истекува рокот во кој Здруженијата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“ мора да ги сменат имињата

Скопје/Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бугарските здруженијата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“ имаат рок уште 7 дена да ги сменат имињата, во спротивно ќе бидат затворени.

Двете здруженија се’ уште немаат поднесено барање за преименување на клубовите со седишта во Охрид и Битола. Рокот истекува на 16-ти февруари 2023 година, по што АД ХОК владиното тело ќе заседава за нивно укинување. Препораката потоа се испраќа до министерот за правда кој има рок од 30 дена да ја потврди одлуката. Доколку не ги преименуваат сами имињата на здруженијата и клубовите, согласно законот тие ќе бидат избришани од Централен регистар.

Комисијата за заштита од дискриминација, за овие контроверзни бугарски клубови, поднесе прекршочни пријави, откако истече рокот од 45 дена да ги променат имињата. Комисијата утврди потешка форма на продолжено и повеќекратно вознемирување на македонскиот народ и сите етнички заедници во македонското општество. Комисијата поднесе прекршочна и кон Министерството за правда бидејќи не направиле надзор над клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола и не го избришале од регистрирани здруженија.

Инаку со измените на законот за здруженија во иднина не може да се регистрираат организации и културни клубови со контроверзни имиња. (Крај)

извор: Тв Сител фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука