Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Две лица повредени во инцидент кој се случил во близина на СРЦ „Билјанини извори“

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми февруари 2023 година, во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено е пред деловен објект во близина на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од страна на 47-годишниот Г.Т. и 26-годишниот М.Ј.П., двајцата од Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со употреба на остар предмет, на што претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

– Притоа, со телесни повреди се здобил Г.Т. констатирани во Општата болница во Охрид, додека М.Ј.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука