ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

До каде сме со културата на однесување и грижа за добрата?!

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – И по којзнае кој пат отсуството или ниското ниво на култура на однесување и грижа за животната средина се покажа во пракса.

Искршени и превртени клупи, оштетени споменици, детски игралишта, дрвореди, расфрлано ѓубре, создадени вештачки депонии.

Но, ако вакви случки бевме навикнати повеќе да гледаме во текот на летната сезона, кога има и поголема фрекфенција на луѓе, се покажа дека и домицилното население знае да ја покаже „културата“ на дело.

Нема достапен опис

Кога нештото го немаме, критикуваме и бараме да биде поставено, за кога ќе се постави да го оштетиме. Пред само неколку дена беа украдени и искршени млади дрва на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ Горица, претходно за да не се гази и уништува зелениот дел на улицата „Македонски просветители“ беше поставена ограда.

Жално е што и по санирање на оштетувањето истото се повторува. Причината за ваквото поведение останува непозната, дали е покажување сила, оставање печат во друштвото, отсуство на култура на однесување и грижа за добрата и животната средина или е нешто друго.

Нема достапен опис

Во повеќе наврати се покажало дека кога сме надвор од државата знаеме да се однесуваме соодветно, да не фрламе отпад насекаде, одговорно да се однесуваме во сообраќајот, да не ги уништуваме јавните добра. Дали можеби казните, особено паричните, нé прават покултурни?!

Како и да е, ова е проблем на кој треба потемелно да се работи, во рамки на семејството, но и на институционално ниво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука