Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Работна средба за дуално стручно образование на тема „Учи паметно работи стручно“ во Општина Охрид

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХИРДПРЕС) – Во големата сала на Општина Охрид, денеска се одржа работна средба, социјален дијалог на тема „Учи паметно работи стручно“.

– Организирањето на овој настан сам по себе се наметнува како неопходност. Сведоци сме на се поголемата потреба што ја налага пазарот на трудот образованието да соодветствува на неговата побарувачка. Општина Охрид континуирано вложува напори и во рамки на своите ингеренции ги поддржува сите активности кои се насочени кон унапредување и подобрување на средното стручно образование и создавање квалификуван и стручен кадар. Во таа насока е и соработката која Општина Охрид и средните стручни училишта ја остваруваат со „Костал“, „ОДВ Електрик“, „Леарница“ и останати компании заради создавање на профили кои ќе одговараат на нивните потреби. Праксата во компанија, комбинирана со училишни часови влијае врз подигнување на свеста кај учениците за значењето на дуалното стручно образование, информираат од Општина Охрид.

May be an image of 5 people, people sitting, people standing and indoor

На настанот што го организира Општина Охрид присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука и професори од сите локални средни училишта.

Дуалното образование на државно ниво почна да се спроведува пред неколку години со само 11 паралелки. Денеска во државава има 250 дуални паралелки, а се потпишани договори за соработка со 450 компании. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука