Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Се врати во Македонија групата средношколци кои во моментот на разорниот земјотрес беа во Турција

Скопје, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утрово од погодениот со земјотрес турски град Кахрам Мараш се вратија дома осумте учениците од Техничкото училиште во Гостивар, соопштија кратко од МНР за „Слободен печат“.

Осумте учениците од Гостивар, Тетово и од Маврово – Ростуше заедно со својот ментор, преку програмата „Еразмус +“, престојуваа во градот Кахраман Мараш кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.

МНР го организираше превозот на учениците од загрозеното подрачје до Анкара и од таму до Скопје.

Еден од учениците во земјотресот се здоби со потешки повреди, скршеница, додека друг ученик помина со полесни повреди, но ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука